Седумнаесетгодишник од тетовска Мала Речица, вчера во 15:50 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути, на паркинг пред тетовско средно училиште физички бил
нападнат од четири лица, ученици во друго средно училиште во Тетово, кои ги познавал.

Во нападот, според пријавеното, едниот од нив користел и дрвен предмет.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.