Во пожарот во магацин тетовското село Фалише, изгореа 14 тони бои и лакови и други хемиски средства.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и други хемиски препарати.
„Од вчера до денес врне слаб дожд а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што немаме загадување на воздухот“, вели Ангелов и додава дека мерките што беа превентивно упатени вчера, сега веќе не важат. Граѓаните можат да бидат спокојни од аспект на загаденост на воздухот, рече тој.
Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување.
Претходно денес, министерка за животна средина, Каја Шукова рече дека ќе има загадување и на почвите и водите, а спротивно на тврдењата на Ангелов, таа изјави и дека евидентно е оти ќе има и загадување на воздухот. Затоа уште вчера, вели Шукова, беше издадена препорака до граѓаните да не излегуваат без потреба, вратите и прозорците на домовите да бидат затворени. Препораката до граѓаните е да внимаваат и во следните неколку дена, кажа таа.
Шукова истакна дека доколку во тој крај има земјоделски култури, тие не треба да бидат во употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.