Бошко Бориловиќ, братот на Вук Бориловиќ, изразувасочувство до семејствата и соседите на жртвите во писмо до нив.
Сите беа добри и чесни луѓе и знам дека ниту еден мој збор не може да им ја олесни тагата и маката на нивните најблиски. Жал ми е што јас и моето семејство не сме на местото на нивните најблиски, за да не мора да ги поднесуваат овие маки и страдања, наведува Бошко Бориловиќ во писмото.
Како што вели, цел живот се борел за некаков животен мир и среќа за сите, но, како што се испоставува, веќе ги немаат, ниту пак некогаш ќе ги имаат, ниту пак оние што ги загубија своите најблиски кои настрадаа.
-Доколку влакно на мојата глава помисли во мојот живот дека е роден за вакво злосторство, мојата рака би му судела. Не му го знам гробот, ниту сакам да знам, бидејќи нема ниту еден збор за оправдување или утеха за делото што го направил. Само не сакам никој да ја доживее судбината на нивните семејства и мојата, која сега е безначајна и уништена, заклучува тој во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.