Страшните сцени на невино убиени деца и други жртви во населбата Цетиње Медовина не ги оставија рамнодушни полицијата и истражителите кои ја водеа истрагата за  монструмот Вук Бориловиќ кој вооружен со полуавтоматска пушка по улица  сееше смрт.

Тие плачеле додека го гледале ужасот што го направи лудиот убиец. Ниту инспекторите со децениско искуство не можеле да ги задржат солзите, поради што истрагата траеше многу подолго од вообичаеното. Тоа што го видоа, велат, нема да можат да го заборават додека живеат.

– Ова се сцени кои не можат да остават никого рамнодушен -велат од полицијата.

 

Колку истрели Бориловиќ кон своите жртви е информација која се уште не е доставена до обвинителството. Но, неофицијално се дознава дека тој нишанил и ги погодил повеќето во пределот на главата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.