Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09%, при што цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а цената на дизелот се намалува за еден денар.
Од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 95 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 97 денари/литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 85 денари/литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар и сега ќе чини 83,5 денари/литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.