Изминатата седмица, за 14 отсто се зголемил бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, додека пак за 19 проценти се намалил бројот на смртни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 31 октомври до 6 ноември 2022 година, биле регистрирани 61.139 случаи, од кои 25 проценти се реинфекции, а починаа 134 лица. Направени биле 718.561 тест, со стапка на позитивност 8,51 отсто, наспроти 8,45 проценти една седмица претходно.
На одделите за интензивна нега во грчките болници 89 пациенти се приклучени на апарати, четири повеќе од минатата седмица.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.250.288 случаи на Ковид-19, а починаа 33.888 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.