Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и на Крит.
За бројот на активни случаи во Грција, потпретседателот и професор по епидемиологија Параскевис рече дека немаат конкретна бројка, но процените се дека се околу 150.000 до 200.000.
Објасни дека во изминатите три седмици има континуирано зголемување на заразени на возраст од 18 до 24 години, но и зголемен бројот на реинфекции, нагорен тренд има и во однос на лицата кои се лекуваат на Ковид клиниките, нешто што сепак не се пренесува на зголемување на хоспитализациите на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.