Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во Коринскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина.

Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот дел, југоисточно од градот Галаксиди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.