Товарен и патнички воз вечерва се судрија во околината на Новска, во Хрватска. Дневник.хр јавува дека има повредени, но и загинати.
Како што неофицијално дознаваат медиумите патничкиот воз поминал на црвено светло и удрил во товарен воз, кој стоел.
Според првите неофицијални информации загинале машиновозачот и кондуктерот.
Околу 21 часот и 35 минути е добиена пријава дека патнички воз удрил во запрен товарен воз во градот Рајиќ. Сите служби за итни случаи се на терен и им помагаат на повредените, известуваат од полициската управа на сисачко-мословачката жупанија.
На местото на несреќата се упатил премиерот Андреј Пленковиќ и голем број министри.
Повеќе и поопштирни инормации се очекуваат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.