Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, од Киев се обрати преку видеоврска пред албанскиот парламент на посебна пленарна седница.

Тој искажа благодарност до Албанија за солидарноста со украинскиот народ и поддршката дадена за неговата земја во ОН.

Зеленски побара од Албанија ограничувања за руските туристи и затворање на пристаништата.

„Трговијата со Русија треба да се ограничи, зашто утре, може, да го погоди вашиот пазар кога таа ќе посака. Ограничете го доаѓањето на руските туристи, меѓу нив може да биде и убиец во Буча, затворете ги пристаништата за Русија. Таа е тиранија, таа е закана за целиот свет. Не отстапивме од европскиот пат и се залагаме за обединета Европа и верувам дека кога ќе дојде време Украина да влезе во ЕУ, вашиот глас ќе биде поддршка. Благодарам Албанија, благодарам за поддршката. Слава на Украина“, заврши Зеленски.

По завршување на обраќањето пратениците станаа од собраниските столчиња и го поздравија со ракоплескање.

Од почетокот на војната, пред два месеци, претседателот Зеленски се обрати на специјална седница на Советот за безбедност на ОН и парламентите на Англија, Норвешка, Португалија, Финска, Грција, Словачка, Ирска, Романија, Кипар, Литванија и Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.