Во Бугарија завршија консултациите на претседателот Румен Радев со политичките партии за формирање влада, по вчерашната оставка на премиерот Кирил Петков, откако неговата влада минатата недела не го преживеа гласањето за недоверба. Сега, како што објавуваат тамошните медиуми, очекува претседателот да објави датум за предавање на мандатот за формирање влада.
Со денешната средба со претставници на ‘Преродба’ заврши циклусот на консултации, и треба да се предаде мандатот на првата политичка сила, соопшти Радев.
Шефот на бугарската држава не прецизираше кој ден тоа ќе се случи, но јасно е дека тој нема да има консултации со „Продолжуваме со промените“ и БСП, кои вчера не дојдоа на средбата што ја одредија од Кабинетот на претседателот со образложение дека во парламентот се расправа и се гласа за ребаланс на буџетот.
Радев утрово одржа консултации со три политички партии – ИТН, ДБ и Преродба, а вчера со ГЕРБ и ДПС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.