Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вели дека е тешко да се разговара за трајно решение за Косово додека се апсат Срби и секој ден треба да се надминуваат разни проблеми.

Дачиќ денеска, во пресрет на 11. Конгрес на СПС во Белград, на прашањето дали Белград добил одговор од КФОР во врска со враќањето на српските сили на Косово, рече дека „до овој момент не е запознат дали имаат добиено одговор“.

Коментирајќи ја ситуацијата на Косово, тој оценува дека се наоѓаат во виртуелен процес проникнат со разни непромислени постапки на премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, кој, како што вели, очигледно е најголемата пречка на дијалогот.

– Не можете да имате сериозен дијалог за некои големи, важни прашања бидејќи секој ден и секоја недела се занимавате со деескалација и надминување на различни проблеми. Додека луѓето се на барикадите, додека Србите се апсат, тешко дека можете да разговарате за трајно решение за проблемот со Косово – изјави Дачиќ за Танјуг.

Тој посочи дека во овој момент првично прашање е деескалација на проблемот за „да можеме да се свртиме кон дијалог“.

– Подготвени сме за дијалог, имаме црвени линии, принципи, ќе му дадеме целосна поддршка на претседателот Александар Вучиќ како партија и коалиција во одбрана на нашите национални интереси – рече Дачиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.