Италијанските власти за борба против мафијата информираат дека во соработка со американските, шпанските, холандските, белгиските, хрватските и германските полициски и судски сили, реализирале мега операција, во која е разбиена криминална мафијашка организација, чии членови биле Албанци, јави албанската телевизијата „Ора њуз“.
Според истиот извор организацијата шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Шпанија и другите европски земји се користеле за сложени финансиски операции, каде што се переле парите добиени од шверцот на дрога во вредност од неколку милиони евра.
Во мега операцијата уапсени се 45 лица, извршени се претреси на 80 локации при што се запленети дрога и оружје, како и имот вреден два милиона евра. Членовите на криминалната група користеле шифрирана комуникација и редовно патувале во Дубаи, во Мексико и во Колумбија.
Во акцијата учествувале околу 600 полициски сили и специјални единици на италијанската, белгиската, хрватската, шпанската, британската, холандската и германската полиција, во координација на Европол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.