Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.

Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиони евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана – пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.

Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето.

Во истрагата биле опфатени 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.