Косовската полиција денеска по полноќ пријави три возила на косовските Срби со таблички RKS (Република Косово) запалени во северниот дел на земјата, објави весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на соопштение на полицијата. Шефот на претседателскиот кабинет на Косово вчера пријави уште две изгорени возила на косовски Срби со косовски регистарски таблички.
Според полицијата, два автомобила биле опожарени во градот Северна Митровица и еден во градот Звечан, а не е јасно кои се сторителите на подметнувањето пожар.
Косовската полиција ќе продолжи да работи на истрага и расветлување на ваквите случаи (на палење автомобили на државјани на косовски Срби со косовски регистарски таблички) и ќе продолжи да обезбедува безбедност за сите граѓани подеднакво, се вели во полициското соопштение.
Проблемот со регистарските таблички беше една од главните причини за тензиите во односите меѓу Белград и Приштина минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.