Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загина во експлозијата на бомба во Подгорица, која според информациите од полицијата самиот ја подметнал.

Повредени се пет лица.

„Во 11 часот и 35 минути добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдивме дека загинал М.Б.(39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени кои се лекувале во Клиничкиот центар“, рече Срѓан Кораќ од полициската управа.

Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.

На терен се екипите на Брзата помош, полицијата и противпожарната единица.

Истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.