Хрватската Влада утринава донела нови мерки поврзани со цената на горивата. Цената на горивата на сите бензински пумпи, освен на автопатиштата се фиксира на сегашните 13.08 куни за евродизел и 13.5 куни за бензин.

На автопатиштата во Хрватска цените растат до 14.57 куни за дизел, а еуросупер 95 ќе се продава до 14.06 куни.

Премиерот Пленковиќ и се обрати на јавноста со детали.

Одлучивме повторно да интервенираме. Ќе ја фиксираме сегашната цена за сите бензински, освен за оние на автопатиштата -рече Пленковиќ.

Владината уредба, според зборовите на хрватскиот премиер, ќе се однесува за 94 отсто од бензинските.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.