Србија ќе учествува во обновата на украинските градови, најави шефот на државата, Александар Вучиќ за време на средбата со украинскиот амбасадор Володимир Толкач.
Вучиќ жали за ситуацијата во Украина и вели дека Србија е „посветена на почитувањето на принципите на територијалниот интегритет и суверенитет на државите како еден од основните принципи на меѓународното право“, пренесува Н1. Тој рече дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Вучиќ кажа дека Србија ги обезбедила најдобрите можни услови за бегалците од Украина, како и сите права на дозволи за престој и работа. Претседателот на Србија најави дека наскоро со Толкач ќе ги посети украинските бегалци во Србија. Но, Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.