Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, по обидот за атентат врз Доналд Трамп, ги повика властите да ги зголемат безбедносните мерки за претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство.
Со медиумски притисок се обидуваат да ги натераат да се откажат од државната заштита и да бидат уште полесни мети“, рече Вулин, зборувајќи за Вучиќ и неговото семејство.
Тој потсети дека во последните неколку месеци се случи и обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо и смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во авионска несреќа. Вулин смета дека не случајно се работи за луѓе кои се залагале „за поинаков свет и мир во Украина“, пренесува Нова.рс.
Нека се подготви Вучиќ и секој што има храброст да се бори за слобода. Обидот за убиство на поранешниот претседател Трамп е израз на дозволена и поттикната омраза, истата омраза што се поттикнува и слободно се изразува кон Вучиќ и Србија“, предупреди тој.
Вулин не беше единствениот претставник на српските власти кој го спореди Вучиќ со Трамп. Вицепремиерот и министер за полиција Ивица Дачиќ изјави дека обидот за атентат врз Трамп е „тажен и трагичен доказ за последиците од кампањата на омраза, закани и дехуманизација на еден човек“.
Нешто слично се спроведува и во Србија, преку напади врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, додаде тој.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, апелираше до „елитата во Србија и нивните независни медиуми“, за кои тврди дека се сè само не независни, да разберат „кои можат да бидат вистинските последици од омразата што секојдневно ја промовираат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.