Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска гостувајќи во ТВ Пинк изјави дека до крајот на работата на идната влада, просечната плата би можела да биде 1.000 евра.

Коментирајќи ја економската состојба во земјата, Вучиќ рече дека Србија во последните две години, од почетокот на епидемијата на корона вирус, го постигнала најбрзиот економски напредок во цела Европа.

Прв пат ни се враќаат лекари и медицински сестри од Германија. Сакаат да се вратат во својата земја. Имаме проблем со занаетчиите и мораме да најдеме начин да ги вратиме во Србија. До крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе биде 1.000 евра, а пензијата 500 евра. Тоа е остварливо, доколку нема надворешни проблеми и ако нема големи земјотреси на светско ниво, изјави Вучиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.