Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со делегација на Меѓународниот монетарен фонд, со која разговараше за фискалната, монетарната и енергетската стабилност, јави дописникот на МИА од Белград.

Соговорниците констатирале дека Србија во првата половина од годинава имала добар раст на БДП од 4,1 отсто, но дека до крајот на годината може да се очекува забавување на реалниот раст до 3 отсто, поради кризата во Украина, што предизвика економски проблем на глобално ниво.

Во таа насока, претставниците на ММФ инсистирале на построга монетарна и фискална политика и во рамки на тоа предложиле соодветни мерки, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Вучиќ се заблагодарил за предлозите и посочи дека од почетокот на фискалната консолидација во 2014 година, Србија секогаш ги почитувала препораките на Меѓународниот монетарен фонд и имала активен аранжман со оваа институција.

На средбата соговорниците разговарале и за енергетската безбедност. Вучиќ во оваа прилика истакнал дека главна цел е развивање инвестициски план за енергетскиот сектор со проекти како што е изградбата на нови гасни интерконектори кои ќе ја подобрат енергетската безбедност и ќе го стабилизираат производството на електрична енергија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.