Српскиот претседател и врховен командант Александар Вучиќ се обрати до нацијата по седницата на Советот за национална безбедност.

Претседател на Србија во обраќањето по Советот за национална безбедност истакна дека она што се најавуваше вчера и претходните денови и недели се случува токму сега.

Прво од тој меѓународен аспект, во кој имате директни фалсификати, голи лаги за состојбите на терен. На терен имаме тешка борба на еден народ за опстанок на неговите огништа“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека „Косовската полиција“ нема право да биде на северот на Косово и Метохија, туку тоа мора да биде Дирекцијата Север.

Денеска тие извршија упад со специјални единици. Меѓународната заедница се прави дека тоа не го виделе“, рече тој. Како што наведе, станува збор за „завршување на српскиот проблем на Косово и Метохија“ и обвини дел од меѓународната заедница за учество во него.

Станува збор за обид да се стави крај на српскиот проблем на Косово, во кој учествуваат Курти, властите во Приштина и добар дел од меѓународната заедница. Господинот Пантиќ е најдобар пример. Видеонадзорот потврди дека тој не направил ништо пред својата куќа, потоа рекоа дека тоа го направил во Лепосавиќ, а тоа било пред една година. Човекот има срцеви пробеми, тој неодамна бил опериран, а неговото семејство не било информирано ниту каде се наоѓа, ниту како е“.

За нас е важно да ги повикаме и Албанците и Србите да го зачуваат мирот“, рече Вучиќ.

Како што наведе, Американците бараат отстранување на барикадите.

Одлично ја разбрав таа порака и ја очекував, иако сум разочаран. Тие имаат свое дете и го штитат. Тие не го ограничуваат движењето на ниту еден Албанец, тоа е протест“.

Претседателот на Србија рече дека за него ова е најтешкиот ден откако е претседател или премиер и дека ни претстои најтешка ноќ.

Имам прашање до нашите американски партнери: Кои договори ги почитува Приштина, а кои Американците? Наша должност е да повикаме на мир и никој случајно да не ги допре КФОР и ЕУЛЕКС, но и да повикаме на ослободување на невини луѓе, истакна меѓу другото српскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.