Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, со кого разговараше за соработката со НАТО, во рамките на политиката за воена неутралност на Србија.

Вучиќ на средбата посочил дека е многу важно да има редовен дијалог меѓу претставниците на Србија и претставниците на политичките и воените структури на Алијансата, што придонесува за зајакнување на меѓусебната доверба.

Претседателот Вучиќ рече дека припадниците на КФОР имаат важна улога во одржувањето на мирот и стабилноста, како и во заштитата на Србите и другите неалбански заедници на Косово и Метохија. Двајцата соговорници се согласија дека е важно да се избегнат понатамошни ескалации, се наведува во соопштението од прес службатат на српскиот претседател.

Адмиралот Бауер на средбата истакнал дека НАТО ја цени Србија како партнер и ја почитува нејзината воена неутралност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.