Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е загрижен поради изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рускиот претседател Владимир Путин го нарече „касап“.
Вучиќ утрово гостувајќи на ТВ Прва објасни дека Србија, кога е Украина во прашање, постапила одговорно во согласност со меѓународното право и ОН.
„Загрижен сум за ситуацијата во Украина. Загрижен сум за се. Гледате една, би рекол, навивачка посветеност, и безброј толкувања, но најважно ни е да се заштитиме“, нагласи Вучиќ.
За американскиот претседател рече:
„Го познавам Бајден како многу внимателен човек кој подготвува сè. Во нашиот прв разговор сфатив дека тој има тим што го подготвува исклучително, ако нешто кажал, не го кажал случајно“.
„Она што многу повеќе ме загрижува е изјавата на Бајден дека се подготвуваме не за повеќегодишни, туку за повеќедецениски конфликти“, рече претседателот, додавајќи:
Она што е интересно е дека тоа и натаму оди во насока на нови конфликти, а таа изјава е многу поважна, а тоа е да се подготвиме за долготрајна борба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.