Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва свика итна седница на Советот за национална безбедност поради кризата на северот на Косово. По седницата, тој рече дека станува збор за борба за опстанок на еден народ.
Ние анализиравме се што се случува на Косово и Метохија, како и меѓународниот аспект, ситуацијата на терен… Како што најавивме, пред се од меѓународен аспект, имате безброј невистини и лаги, а на самиот терен, тешка борба за опстанок на еден народ на нивните огништа. Косовската полиција нема право да биде на север, рече Вучиќ и додаде:
Размисливме што да правиме. За нас е важно да ги поканиме и Албанците и Србите да го зачуваат мирот, рече претседателот и додаде дека Американците побарале отстранување на барикадите. На нашите луѓе им претстои тешка ноќ, на мене е да бидам со нив. Имаме уверување од КФОР дека нема да има насилни дејствија. Презедовме одредени мерки за да ја заштитиме нашата земја. Горд сум на нашите војници и полицајци, изјави Вучиќ.
Како што вели, презеле одредени мерки за заштита на државата. Тој додава дека е горд на српските војници и полицајци.
Никогаш, откако не постои ЈНА, не сме имале таков одговор од луѓето за да ја заштитиме државата. Мислевме дека само Курти е малку луд, добро ни покажа дека не е сам, рече Вучиќ за изјавата на Курти дека за се се консултира со КФОР .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.