Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на шефот на руската држава Владимир Путин дека Европа и светот се пред катастрофа. Вучиќ изјави дека оваа зима ќе биде многу студена за сите, а следната ќе биде поларна за цела Европа.
„Оваа зима ќе биде многу студена за сите нас, а следната ќе биде поларна за цела Европа. Ми се чини дека никој не сака решение. Се плашам дека сите очекуваат пораз од другата страна. А ако мислевте дека воено лесно ќе ја победите Русија. Се надевам дека мора добро да се подготвиме за студената и поларна зима“ – изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека земјите од „Отворениот Балкан“ ќе испратат писмо до Европската комисија за да добијат помош за увоз на струја во текот на зимата.
„Ако целата Европска Унија преземе мерки за штедење, не можеме да се однесуваме како ништо да не се случува околу нас. Ќе треба да донесеме многу важни одлуки, бидејќи ниту есента нема да биде лесна, зимата ќе биде уште потешка“ – изјави Вучиќ.
Тој рече дека ќе беше целосна катастрофа за Србија доколку не купеше гас во мај и јуни.
„Тоа беше спас за нас. Зборувам за купување гас на пазарот и за тоа што потпишавме анекс на договорот со Русите. Без Турски тек немаше да имаме гас, немаше ништо. Ќе имавме 8 до 12 часа прекини на струја, што, како што знаете, сè уште го немаме“, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.