Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Њујорк, каде учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, порача дека сега е „време на големи тензии и геополитички промени“, пренесуваат српските медиуми.
Тој уште еднаш драматично предупреди на „тешката зима“ што претстои.
Ќе зборувам за непочитување на меѓународното јавно право во случајот со Србија. Наша работа е да работиме за нашата земја, а не за некој друг. Јас сум горд на тоа, така сме работеле секогаш. Го зачувавме духот на слободата и независноста на нашата земја. Мислам дека не разбираме доволно што се случува и што ни претстои. Пред нас се шест клучни месеци во кои се прават разлики. Во кои ќе бидат оние кои едвај преживеале, со мали шанси за успешен напредок во иднина, оние кои преживеале, но ослабеле, и оние кои ги преживеале ударите, но излегле како најголеми од сите“, изјави Вучиќ.
„Ова ќе ја направи клучната разлика меѓу Германија и остатокот од Европа, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Можат да фрлаат пари, зборувам фигуративно, се разбира“, кажал тој и додал дека „многу мали држави во Европа ќе бидат уништени“, додаде тој, според српските медиуми.
Вучиќ од Њујорк уште еднаш порача дека „нема шанса да го пушти Косово во Обединетите нации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.