Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес конференција на која обелодени за резервите на Србија со храна и енергенси истакна дека за зимава и Македонците може да сметаат на српскиот гас.

Ги решаваме и проблемите со Македонците затоа што тие имаат гасна централа (се мисли на Те-То), која може да произведува струја на гас. Тоа се 5-7 проценти од струјата за зимската потрошувачка. – рече Вучиќ.

Ова е само еден од низата случаи на помош од Република Србија и претседателот Вучиќ за нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.