Претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека во Скопје со лидерите од другите земји од Западен Балкан разговараат за економија, а не за политика. Тој очекува разговорите да донесат бенефити за сите држави од Западен Балкан.

Пред се да ги поздравам браќата Македонци во Македонија, да се заблагодарам на гостопримството. Состаноците овде се важни за целиот регион, разговараме за планот на раст со американските и европските претставници. Разговаравме за т.н. зелените линии за нашите камиони, за да поминуваат слободно низ границите на ЕУ“, рече Вучиќ.

Во наредните денови ќе се потпишат протоколи за слободен пристап на работна сила во Тирана, Скопје и Белград.

По првпат се состануваме за да се зборува за економија, а не за политика која носи големи поделби за нас“, додаде Вучиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.