Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Западот од Србија очекува три работи – да го признае Косово и Метохија, да воведе санкции кон Русија и да воведе марионетски режим во Србија, пренесе Политика.

Тој на прес-конференција рече дека во рамки на првото барање е да се признае Косово и барањето Србија да се откаже од Република Српска.

Откажувањето од Република Српска е една клучна причина. Иако многумина се смееја, факт е дека работите во Украина не одат така лесно како што мислеа многумина на Запад, а против Русија. Русите се тие кои имаат иницијатива. Без разлика дали ни се допаѓа или не, постои опасност, а тоа веќе се случувало во минатото, а веројатно на местото на (рускиот претседател Владимир) Путин, секогаш би можел да се повикам на преседанот што го направија и тие. Бидејќи тоа го знаат на Запад, важно е Косово да се покрие и да се зголеми притисокот врз Србија, но не (премиерот на привремените приштински институции, Албен) и на Курти. Сакаат, но само за да се избегне ситуација Србија да реагира, а тоа ни ние не го сакаме – изјави Вучиќ.

Како што објасни, важно е откажувањето од Република Српска и Србија активно да работи против РС и само кога ќе се откажеме од неа, ќе бидеме добри.

Како второ нешто што се бара од Србија, тој го спомена воведувањето санкции против Русија и антикинескиот став, а како трето, воведување марионетски режим каков што имаше до 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.