Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повтори дека Заедницата на српски општини е услов без кој не може да има понатамошни разговори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и додаде дека и во Охрид, ќе го каже истото.

Во одговор на констатацијата на новинар дека Албин Курти нема да формира ЗСО додека ЕУ не го коментира тоа, а САД велат дека мора да се формира, Вучиќ рече дека ЗСО не е само прашање на инсистирање на Србија, туку тема на сите дискусии, и тоа мора да се воспостави, бидејќи е договорено во Брисел.

Тој потсети дека во понеделник и вторник во Белград ќе биде домаќин на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

„Не знам што очекува некој од Охрид. Ќе одам во Охрид, никогаш нема да кажам дека нема да зборувам. Зошто да се претставуваме како луди. И таму ќе го кажам истото што го кажувам и сега овде, рече Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово.

На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.