Грчкиот економист, основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност (MeRA25) и поранешен министер за финансии Јанис Варуфакис, бил нападнат и претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија, пред ресторан во кој седел со пријатели.

Според првите информации, група луѓе му пришле и почнале да го навредуваат, да го туркаат и на крајот физички го нападнле, при што еден од напаѓачите му го скршил носот, пренесува порталот Катимерини.

Партијата на Варуфакис МеРА25 објави дека тој бил подложен на „храбар фашистички напад“.

Денешната епизода нека послужи за потсетување на оние кои намерно ја продаваат лажната и клеветничка приказна што ја користат денешните насилници. Им велиме: не се плашиме, не сме срамежливи, не отстапуваме. Во темница одговараме со еден збор: ДЕН, се наведува во соопштението на МеРА25.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го осуди нападот врз Варуфакис и посочи дека насилството не може да се толерира.

Нападот врз господинот Варуфакис е апсолутно за осуда и нашата Република не може да го толерира. Му посакувам брзо закрепнување и сигурен сум дека грчката полиција ќе направи се за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата, напиша Мицотакис



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.