Претседателот на Србија, Александар Вучиќ предупреди дека на есен ќе има криза со лекови во цела Европа, а ќе настане и лоша енергетска ситуација.
Немојте да речете после дека не сум ви кажал… Мора да се снајдете во сето ова и ние ќе се снајдеме. Како? Како сакате. Така. Нема никаква филозофија“, изјави Вучиќ на Меѓународниот саем на оружје и воена опрема „ИДЕКС 2023“ во Абу Даби.
Тој додаде дека српскиот народ не треба да се грижи.
Зборувајќи за опремата на војската на Србија, Вучиќ најави дека до крајот на годината во Чачак ќе бидат ремонтирани 40 тенкови М-84, со кои останува да се види што ќе се направи.
Вучиќ рече дека Србија има доволно муниција и за армијата и за извоз, бидејќи се работи толку многу во наменските индустриски фабрики што можат да се продаваат во следните 15 години.
„Нема да одиме во војна ако не мораме и ако не бидеме нападнати. А што се однесува до оружјето, нас пред се нè интересира нашата армија, а тоа што ќе остане ќе го продадеме“, нагласи тој.
Вучиќ најави и дека Србија во рок од 48 часа ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за купување на нивните „самоубиствени“ дронови, кои ќе пристигнат во армијата за пет или шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.