Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното интервју на ТВ Прва најави дека на 17 декември во Србија ќе се одржат избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Ќе има парламентарни, белградски и (покраински) избори за Војводина, рече Вучиќ и додаде дека на тој начин ја исполнува желбата на опозицијата.

Вучиќ информира дека изборите мора да ги распише до 2 ноември за да се одржат на 17 декември.

Тој рече и дека локални избори ќе се одржат во околу 60 општини, во зависност од тоа дали и колку оставки ќе дадат градоначалниците на тие општини.

Според него, важно е тие да се одржат за граѓаните да се изјаснат.

Важно е народот да се изрази, народот е носител на суверенитетот, народот е носител на суверенитетот … Можеме да ја добиеме довербата од народот – тоа е во ред. Не можеме – повелете ве молам нека владее некој друг. Немаме никаков проблем со тоа, изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.