Вучиќ искрен пред Макрон: Никој жив во ЕУ не сака да слушне за проширување

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на прес конференција со неговиот француски колега Емануел Макрон вели дека Србија останува на европскиот пат, нема друг,но оти не сака да ги лаже граѓаните дека тоа ќе се случи скоро, бидејќи како што напомена “никој жив во ЕУ не сака да слушне за проширување”

– Суштината е дека јас не сум преварант и лажго како сите други кои велат дека задутре ќе станеме членки на ЕУ. Тоа се глупости. Нема да станеме членки ни ова, ни следната ни таа потоа.. ЕУ не се воодушевени од нас, но и овде не скокаат од радост кога ќе слушнат за ЕУ како некогаш-искрен е Вучиќ.

За шансата за проширување на земјите од Западен Балкан Макрон е многу внимателен.

Секоја земја има своја агенда. Не сакам да кажен дека е една целина. Постои пат интегација и Франција тоа го почитува. Патот на интеграција има правила и тоа треба да се почитува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.