Српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се сретнаа во Давос, каде што учествуваат на годишниот состанок на Светскиот економски форум.

Претседателот на Србија на Инстаграм профил објави фотографија, за која напиша:

Многу коректен разговор за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да напредуваме и на економски и на политички односи.

Хрватскиот премиер по средбата со претседателот Вучиќ рече дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

За време на Светскиот економски форум во Давос со претседателот на Србија Александар Вучиќ разговарав за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Заедно со политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се направат дополнителни напори за решавање на отворените прашања, напиша Пленковиќ на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.