Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за „горливите прашања во регионот“, политичките промени во Европа и глобалните рамки и нивното можно влијание врз Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ на Инстаграм го оцени разговорот со Макрон како одличен.
-Разговаравме и за потребата од стратешка соработка во обликувањето на идниот пат на нашиот континент и светот во целина, како и за решавање на итните прашања во врска со регионалната безбедност и економската стабилност, наведе Вучиќ.
Тој додаде дека, додека Европа минува низ период на транзиција и неизвесност, ја истакна важноста од континуитет во решавањето на прашања од важност за Србија, особено во однос на Косово и „условите во кои живее обесправената српска заедница“.
-Повторив дека ова прашање треба да продолжи да зазема високо место на агендата на ЕУ, со силен дипломатски ангажман насочен кон конечното спроведување на Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српските општини, како основа за градење одржлив мир и гарантирање безбедност на српскиот народ, истакна Вучиќ.
Тој наведе дека застапувањето за дијалог останува основата на политиката на Србија во регионалните односи и најважниот фактор за решавање на тешките прашања со кои се соочуваат сите.
-Затоа го замолив претседателот Макрон да застане покрај Србија на нејзиниот тежок пат кон зачувување на мирот и стабилноста, и покрај сите неволји со кои се соочува на тој пат, заклучи Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.