Српскиот претседате Александар Вучиќ најави дека Србија ќе побара да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации пред редовниот состанок во октомври, поради зголемениот притисок врз Србите на Косово.
Тој денеска ќе има средба со косовските Срби и со белградската канцеларија за Косово и Метохија, а причина за средбата се „страшните притисоци врз Србите на Косово и продолжувањето на провокациите на косовскиот премиер Албин Курти“.
Го избираме најдобриот момент, кој кога претседава и кој кога е присутен. Кога ќе ни одговара, ќе побараме седницата да се одржи во многу блиска иднина, рече Вучиќ.
Тој рече дека година и пол секојдневно е под притисок Белград да воведе санкции кон Русија, а Србија да ја промени својата политика.
Зборувајќи за декларацијата прифатена во Атина, Вучиќ рече дека ниту една неформална вечера не може ништо да промени.
Но, таа може да зборува за начинот на размислување, насоката на размислување и какви се односите. Тие разговори траеја со денови пред средбата, ја добивме првата верзија на која имавме забелешки, експлицитно бевме против два ставови и еден член беше целосно исклучен, а се однесуваше на санкциите кон Руската Федерација. Само Србија беше заинтересирана за тој член, сите останати беа во целосна согласност со тоа. Имаше разговори за делот за воени злосторства да изгледа поинаку, и изгледаше малку поинаку во првата верзија, а потоа изгледаше малку поинаку во средната верзија. Пристигна последната верзија. Немаме од што да се срамиме, иако ни беше многу тешко. Ми се чини дека во многу тешки услови успеавме да добиеме пристап кој е најдобар за Србија, изјави Вучиќ.
Според него, на средбата во Атина имало претставници на четири земји кои не го признале Косово и дека тој бил фокусиран на разговор со нив. Тој додаде дека тие земји се под голем притисок да го сторат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.