Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека албанските полицајци кај Подуево впериле пушка кон неговиот син Данило, кој беше на Косово на собирот во Грачаница по повод Видовдан, барајќи по секоја цена да ја соблече маицата со натпис „Предавството не е опција“, но дека не успеале во тоа.

Дури сега дознав што се се случувало на Косово, напиша српскиот претседател на Инстаграм нешто по полноќ.

Последниот пат кога го запреле Данило, недалеку од Подуево, албанската полиција барала по секоја цена да ја соблече маицата на која пишуваше „Предавството не е опција“. Данило не се согласил, а потоа впериле пушки кон него и го прашале ‘Татково име?’. Тој одговорил: ‘Александар! Тоа е мојот татко и вашиот претседател!’. Не му ја соблекле маицата, не му го извалкаа образот. Предавањето не е опција, наведе претседателот на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.