Обилните дождови кои ја зафатија Србија доведоа до излевање на реки и потоци, па во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба, пишува Блиц.
Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија, вчера на удар беа Нови Пазар и Косјериќ, а денеска критично е и во Јагодина, Свилајнец, Крагуевац, каде што беше поплавен дури и подрумот на Клиничкиот центар, како и неколку улици во населбите Станово, Грошница и Велико поле.
Во Јагодина реката Белица достигна критично ниво. Два градски моста се затворени за сообраќај и утврдени со бедеми.
Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Таму се урна дел од мостот на Ибарската магистрала во Адрани.
Патиштата кои беа непроодни кај Краљево и Чачак сега се повторно во функција, но по нив се бара поголема внимателност и побавно возење“, велат во „Патишта на Србија“.
Континуираната работа на патиштата и слабеењето на врнежите во северните, централните и западните делови придонесуваат за подобра проодност на државните патишта од прв и втор ред, но и покрај тоа, помал број локални, општински патишта има на подрачјето на Краљево, Чачак, Јагодина и Трстеник каде сообраќајот е отежнат или моментално е во мирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.