Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари. Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува Анадолија.
Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка.
Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесува Анадолија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.