Вчера беа регистрирани 14 000 нови заразени и 22 починати како последица на ковид
Поради големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус од почетокот на годинава, многу културни настани во Србија се одложуваат или откажуваат.
Меѓународниот филмски и музички фестивал „Кустендорф 2022“, закажан за 22 јануари, е одложен за мај поради, како што е наведено, последното зголемување на бројот на заразени со ковид-19 и неговата многу заразна омикрон варијанта.
Неделава што изминува откажани се сите претстави во Народниот театар, како и во Ателје 212, а одложено е гостувањето на Народниот театар од Ужице планирано за 17 јануари.
Откажано е и гостувањето на Романската национална опера од Темишвар, поради влошената епидемиолошка состојба во Романија и заострувањето на мерките на нивната влада, како и голем број заразени членови.
Откажани се и концерти во рамки на манифестацијата Нови Сад – европска престолнина на културата, а сите програми на свеченото отворање се приспособени на епидемиолошки мерки, со ограничен капацитет.
Првата мерка е да се одложат 60 отсто од концертите, додека зајакнати контролни мерки ќе има на концертите што ќе се реализираат и тоа со капацитет до 50 отсто, а кај некои ќе бидат помали, а заедно со влезницата ќе биде потребно посетителите да достават зелен сертификат или тест за антиген не постар од 48 часа или ПЦР тест не постар од 72 часа. Неопходно е носење маски и одржување на дистанца на настанот.
Во Србија вчера беа регистрирани речиси 14 000 новозаразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.