Платформа за електронско плаќање патарина (за автопати) во Србија од денеска почнува со работа, јави Танјуг.

Компанијата „Патишта Србија“ ја пушти во употреба услугата, која ќе работи на територијата на Србија и засега е достапна само за физички лица.

Во следната фаза од работењето на службата, врз основа на досега спроведените преговори, се очекува да бидат вклучени и земјите од регионот. Тоа значи дека наскоро плаќањето на патарина преку платформата ќе биде достапно во повеќе земји.

На корисниците на платформата им е потребен електронски уред за плаќање патарина и тековна сметка (дебитна/кредитна картичка).

По користење на одреден дел од автопатот, патарините автоматски ќе се наплаќаат преку регистрираната картичка.

Детални упатства за работа со платформата може да се видат на веб-страницата „Патишта на Србија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.