Во резиденцијата „Бојана“ крај Софија ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), јави дописникот на МИА од Софија.

На неа ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Македонија Бујар Османи, на Унгарија Петер Сијарто и на Србија Ивица Дачиќ. По пленарната седница, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, претседателот на ЦЕИ Роберто Антонионе и државниот секретар на МНР на Молдавија Владимир Кук, ќе оддржат зедничка прес-конференција.

На официјалната вечера што синоќа Милков ја приреди за министрите и шефовите на делегации на конференцијата на ЦЕИ во Софија ја истакна водечката улога на Иницијативата за зајакнување на регионалната соработка и справување со заедничките предизвици со кои се соочува.

Пред присутните се обрати и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, како и регионалниот директор за Европа на Светов Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге.

Стана збор за заедничките иницијативи меѓу ЦЕИ, ОЕЦД и СЗО за развој на регионалната соработка. По средбата на ЦЕИ, денеска министрите Милков, Османи и Сијарто, ќе присуствуваат на работата на регионалниот бизнис форум.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, ЦЕИ е една од најстарите иницијативи за регионална соработка во Европа, формирана е на 11 ноември 1989 година по падот на комунизмот и Берлинскиот ѕид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.