Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 6.012 нови инфекции со коронавирус, што е најголем процент на позитивни тестови досега.
Од10.299 ПЦР тестови има 6.012 позитивни резултати или 58,4 отсто, а бројот на новозаразени е речиси двојно поголем од пред седум дена, кога беа 3.360, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Во земјава има 66.777 активни случаи на коронавирус, 14-дневната инциденца е 3152, а просечниот број на дневни инфекции за последните седум дена е 6.029.
Вчера беа потврдени 7.580 нови случаи, што е најголем број дневни инфекции од почетокот на епидемијата, при што 53 отсто од тестираните биле позитивни.
Во болниците во моментов има 514 пациенти со Ковид, од кои 154 се на одделенија за интензивна нега. Починаа уште пет пациенти, со што бројот на починати се искачи на 5.696 од почетокот на епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.