Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите нарко босови во регионот. „Индексонлајн“ дознава дека Чела е уапсен во акцијата на Еурофас на Косово. Чела е уапсен по налог издаден од Албанија. Станува збор за поранешен полицаец кој важи за еден од најголемите босови во трговијата со кокаин и хероин во Европа, а против него се распишани неколку потерници.
Во 2015 година Чела беше обвинет за меѓународна трговија со кокаин, кога во неговата вила беа пронајдени 18 килограми кокаин. Имено, откако дрогата пристигнала во Албанија, била испратена во вилата, од каде членовите на неговиот картел ја дистрибуирале во западните земји. Чела ја претворил семејната вила во лабораторија за подготовка на дрога.
Сепак, судот го ослободил Чела со образложение дека боледува од тешка болест. Подоцна повторно е уапсен поради фалсификување здравствена книшка и му е одреден „куќен притвор“. Кога полицијата ја опколила неговата куќа во Мамурас, тој успеал да побегне.
Газетаекспрес наведува дека Челим бил службеник на специјалните полициски сили пред да се занимава со трговија со дрога и дека таа функција ја извршувал до 1997 година. 55-годишникот е обвинет за трговија со дрога и неовластено изработување и држење оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.