Институтот за јавно здравје го потврди вториот случај на мајмунски сипаници во Црна Гора, пренесува Вијести.
Од Институтот соопштија дека овој случај не е епидемиолошки поврзан со првиот случај.
Спроведени се сите неопходни антиепидемиски мерки за пациентот и контактите, со цел спречување и сузбивање на ширењето на споменатата заразна болест. Исто така, информирани се сите надлежни институции согласно националните и меѓународните протоколи.
Евидентираниот случај е црногорски државјанин и е во добра општа состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.