Бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, соопшти дека за шест пати е зголемен мигрантскиот протисок врз државата, пред се поради акциите во Сирија.
Поради тековните воени операции во Сирија, мигрантските текови се интензивираат и создаваат сериозни проблеми за Турција, а дел од вкупниот број мигранти се упатуваат кон Бугарија и Грција – изјави Демерџиев за БТВ.
Според податоците што ги презентираше министерот, притисокот е зголемен за повеќе од 6 пати во однос на минатата година.
На граничната линија дневно застануваме по околу 1.000 луѓе – истакна Демерџиев.
Министерот потсети дека веќе во првите денови од преземањето на функцијата ја проверил границата, добил извештај дека состојбата е тешка, но тврди дека е под контрола.
Армијата активно се вклучи во заштитата на границите. Покрај опрема, ќе го користиме и нивниот дрон, а на теренот в сабота и понеделник ќе им се придружат уште 100 лица – изјави Демерџиев.
Двајца бугарски полицајци вчера загинаа откако во нивното патролно возило удри автобус што пренесувал илегални имигранти.
Има податоци дека полицајци се вклучени во пуштање мигранти преку граница и со овие податоци работиме од вчера… Ќе бараме помош од Европа, очекуваме притисокот под кој сега се наоѓаме да се засили во септември и октомври – изјави бугарскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.