Во Белград заврши седницата на Советот за национална безбедност со која претседаваше претседателот Александар Вучиќ.

Ги послушавме барањата на Србите од Косово и Метохија, кои не информираа за нивните потреби и за се што се соочуваат, особено пред истекот на рокот што режимот во Приштина го постави за пререгистрација и одземање на регистарските таблички и автомобили доколку не ги сменат, станува збор за таблички на КМ, рече Вучиќ.

По седницата на Советот, претседателот Вучиќ има обраќање до јавноста.

Тој вчера ја свика седницата на Советот за национална безбедност.

Утрово се одржа средба на претседателот Вучиќ и претставници на Србите од Косово.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по средбата изјави дека од претседателот добиле цврсти гаранции дека Србија ќе застане покрај својот народ на Косово.

-На насилството ќе одговориме со мирен и демократски протест на народот, рече Ракиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.