Трет ден на распит се фудбалските навивачи во Атина поради конфликтот во кој беше избоден навивач на грчки АЕК. Во изминатите два дена 70 од нив беа на распит и на сите им е одредена мерка притвор. Денес пред обвинителот ќе излезат уште 35 навивачи, објави ХРТ.

ДНК на сите 105 фанови се споредува со собраните докази.

Родителите на уапсените, плашејќи се за безбедноста на нивните деца, испратија отворено писмо до претседателот, премиерот и народниот правобранител. Бараат итно заминување на високи делегации од МНР, МВР и Министерството за правда во Грција.

Министерството за правда и администрација соопшти дека министерот Маленица разговарал со својот грчки колега. Претседателот Милановиќ очекува во следните 5 дена осомничените да бидат приведени, а останатите да бидат ослободени.

„Полицијата има право да ги приведе пет дена. Тоа сега истекува. Ако на сите им дадат притвор, без разлика зошто отишле долу, отишле да се тепаат, тоа не можам да го поддржам, тоа е само чудно однесување, но тие се граѓаните и тие имаат свои права“, рече Милановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.